За енергија и свеж мозок – без пиво, леб и колачи

1518

Ако сакате да се наполните со енергија, да ја подобрите концентрацијата и да го стимулирате мозокот, откажете се од лебот, макароните, колачите и дури и од пивото, советуваат британските експерти, цитирани од “Дејли експрес”.

Специјалистите од Универзитетот на Абердин, Шкотска, утврдиле дека сите овие бенефиции човек може да си ги обезбеди, исклучувајќи го глутенот од менито. Глутенот се содржи во редици видови храна, вклучувајќи и во сите оризови, јачменови и пченични производи.

Безглутенската исхрана е популарна меѓу личности како актерката Гвинет Палтроу, пејачката Мајли Сајрус и шампионот во тенис, Новак Ѓоковиќ.

За целите на истражувањето 95 лица – 64 жени и 31 мажи, престанаа да консумираат и пијат сè што содржи глутен – леб, макарони, торти и дури и пиво, за период од три недели пред да се вратат кон вообичаен начин на исхрана.

Сите учесници во истражувањето пријавиле дека за време на глутенски режим физичките и менталните функции значително се подобриле.

“Интересно беше да откриеме дека безглутенската исхрана одговара на чувството за замор, ја зголемува енергијата, ја подобрува концентрацијата, ја избиструва мислата го забрзува времето за извршување на одредени задачи. Не помалку интересно беше да утврдиме дека никој од учесниците не накачил непотребно тежина во глутен период “, вели д-р Александра Џонстон од истражувачкиот тим.