Најголемиот стрес во изолација е неизвесноста кога ќе заврши

1346

Главниот психолошки проблем на самоизолацијата е неизвесноста на роковите за нејзино завршување, рече Александар Суворов, раководител на Катедрата за човечка физиологија во екстремни услови во Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките.

„Има само еден навистина огромен стрес во сегашната состојба – не знаеме кога ќе заврши нашиот период на изолација“, рече тој во интервју за РИА Новости.

Според научниците во изолациска физиологија, познато е дека најтежок период за тестираните е третиот квартал од експериментот.

„Без оглед на експериментот – месечен, полугодишен или годишен – третиот квартал од тоа е секогаш најтежок. Монотонијата, во комбинација со несигурноста, најтешко се понесуваат од психата“, вели научникот.

И во тековната ситуација со коронавирусот, точниот момент на завршување на периодот на самоизолација е непознат.

Суворов лично учествувал во изолациони експерименти и ги организирал и долгорочните експерименти за изолација „Sphinx”, „Mars-500” и серијата психолошки експерименти „SIRIUS“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.