Дали сите трудници треба да се тестираат на корона пред породување?

249

Сите бремени жени треба да бидат тестирани на коронавирусот пред породувањето, велат експерти од Њујорк.

Британскиот Сан пренесува дека ставот на лекарите бил под влијание на неодамнешната студија во која било утврдено дека една од осум бремени жени била позитивна на вирусот на корона и покрај тоа што ниту една жена не покажала симптоми на болест „Ковид-19“. Тестирањето е направено пред самото породување.

Научниците кои ја спровеле студијата рекле дека, врз основа на нивните откритија, секоја идна мајка треба да биде тестирана пред пристигнувањето во болницата, или пред терминот за породување.

Тим од Медицинскиот центар Ирвинг при Универзитетот Колумбија и Презберијанската болница Ален во Њујорк соопштија дека е корисно за здравствените работници да знаат дали пациентот е заразен пред да се изврши каква било операција.

Тоа ќе им овозможи да утврдат во кое одделение да ја испратат жената и да ја подготват целата потребна заштитна опрема, се вели во извештајот објавен во New England Journal of medicine.

Асимптоматски случаи

Истражувачите велат дека вистинската слика на инфекцијата, односно вкупниот број на пациенти со вирус САРС-КоВ-2, всушност може да биде многу поголема заради лажните негативни резултати поврзани со некои тестови за откривање на короната.

– Во ова време на пандемијата во Њујорк, повеќето пациенти кои биле позитивни на САРС-КоВ-2 при породувањето, не покажале симптоми (асимптоматски случаи). Повеќе од осум асимптоматски пациенти примени во одделот за породување биле позитивни за САРС-КоВ-2 – велат експертите.

Сепак, од нивниот извештај не е јасно дали се следи здравјето на пациентите за да се утврди дали некоја од жените кои биле позитивни на коронавирусот подоцна развила симптоми на болеста.

Во меѓувреме, една мала студија објавена во американското списание „Акушерство и гинекологија“ минатата недела откри дека од 43 бремени жени во Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија, 80 проценти од жените кои биле позитивни на коронавирус имале лесна форма на болеста.

Истражувањето е спроведено во Њујорк, каде бројот на починати секој ден се зголемува.

Врз основа на достапните податоци, Светската здравствена организација (СЗО) вели дека во моментов нема докази кои покажуваат дека бремените жени се изложени на поголем ризик од развивање на тешка болест Ковид-19 во однос на општата популација.

Исто така, нема докази дека присуството на вирус корона за време на бременоста предизвикува какви било проблеми со развојот на бебето или предизвикува спонтан абортус, велат од Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози од Велика Британија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.