Научниците открија нов, нехируршки метод за лекување на рак на простата, базиран на лек од океански бактерии, пишува медицинското издание The Lancet Oncology.
Техниката позната како васкуларна фокусирана фотодинамична терапија (VTP), стана можна благодарение на медикамент наречен WST11 кој е изведен од бактерии што живеат на дното на океанот.
Овие хромични организми го претвораат фотото во енергија, а претвореното во лекови соединение ги убива канцерогените клетки.
Во широко клиничко испитување меѓу 10 европски држави, 49% од пациентите во рана фаза на канцер на простата, третирани преку VTP, влегле во комплетна ремисија.
“Овие резултати се одлични вести за мажи со ран локализиран тумор на простатата, бидејќи нудат техника за лекување, без оштетување или отстранување на простатата”, вели водечкиот автор на студијата Марк Ембертон од Кралскиот колеџ во Лондон.
Според неговите зборови, тоа е огромен скок за медицината.



















