ШОКАНТНА ИСПОВЕД | Кога станува збор за абортусот за овие работи никој не зборува

155

Новинарката на „Елит дејли“, Сирах Лондон, отворено опишува низ што поминала откако се одлучила за она што засекогаш и го промени животот – абортусот.

„Иако никогаш не помислував дека сама ќе направам абортус, ги поддржував жените кои се одлучиле на таков потег. Никогаш не размислував премногу за тоа сè до оној моментот кога тестот за бременоста беше позитивен.

Не бев во сериозна врска, но му признав дека сум бремена и тој изреагира токму онака како што очекував – си замина. Бев сама и целосно изгубена. Сите мои претходни уверувања исчезнаа.

Тежината на одговорноста, болката и тагата, што треба да се подели меѓу две лица, падна единствено врз мене. Ме разби на милион парчиња“.

Време е да се оди на клиника

„Никој нѐ зборува за периодот откако ќе ја закажете постапката. За тоа како изгледаат деновите помеѓу времето кога ќе дознаете дека сте бремени и вистината дека одите на клиника.

Тогаш знаете за што се подготвувате, но се преиспитуваш себеси. Се обидувате да функционирате нормално, одите на предавања, на работа, се гледате со пријателите … И тогаш сфаќате дека еден час седите во автомобилот затоа што само таму можете да бидете сами со мислите. Постојано се прашувате дали ја правите вистинската работа. Тоа е игра на чекање што никој не сака да ја игра.

Мојата прва посета на клиниката промени сè. Во моментот кога ми закажаа состанок, почнав да чувствувам дека она што се развива во мене е вистинско. Почувствував врска со она што расте во мене. Нешто ми говори дека е девојче. И би требало да се роди на новогодишната ноќ, на 31 декември.

Откако закажав термин, влегов во автомобилот, ги затворив очите и ја ставив раката на стомакот. На радиот свиреше песна и таа стана наша песна. Ја именував како „темноока“, по песната. Од тој момент не можев да престанам да размислувам како би било да ја држам во раце, да ѝ пеам песни, да читам приказни за лека ноќ …

Му се јавив на таткото на моето дете и му реков дека договорив термин. Неговата воздишка на олеснување целосно го скрши моето срце. Очајно сакав да ме оттргне, но тој тоа не го стори.

Во тоа време имав многу мала плата, па се плашев од помисла да воспитувам дете во сиромаштија. Во ниту еден момент не беше сомнително дали би го сакала моето неродено дете. Ако можам, би ѝ го подарила целиот свет, но имав само љубов. За жал, во светот во кој живееме, само љубовта не е доволна“.

Ден „Д“

“Јас јасно се сеќавам на тоа утро. Се надевав дека ќе ме пречека пораката на таткото на моето дете дека тој ќе дојде со мене во секој случај, но тоа не се случи. Добив само СМС порака „биди силна“. Седев на подот од бањата и плачев.

Плачев заради моето дете, заради тоа што сакав да го направам и заради тоа што целиот мој свет се распадна. Знаев дека денес по овој ден, мојот живот никогаш нема да биде истиот.

Во моменти како овие, вие сте робот. Влегувате во автомобилот и возите. Не мислите. И тогаш влегувате во салата, седнувате на креветот и правите што ќе ви кажат. Легнувате на тој кревет и веќе не сте исти.

И само така – готово е. Всушност – никогаш не е готово. Живеете со денови после тоа, но внатре сте мртви. Одите како сенка. Не е важно дали сте им кажале на сите или само вие го знаете тоа. Вознемиреноста е постојано присутна и се чувствувате како да не припаѓате никаде. И не си дозволувате право на тага. Немате право. Направив избор.

Ви недостасува некој што никогаш не сте имале прилика да го запознаете. „Флешевите“ ќе се појавуваат во најнепогодни моменти.

Чувствувате како да сте дел од статистиката. На Гугл читате исповеди на жени како мојата сега. Дали донеле правилна одлука? Дали ќе се каат цел живот?

Помина некое време од мојот абортус, но болката е свежа. Боли кога пријателите ќе ви зборуваат за бременоста, а вие се сеќавате на солзите од оној паркинг.

За нас кои никогаш не сме биле целосно сигурни дека сакаме абортус, тоа бебе секогаш ќе биде таму некаде. И сè уште имам надеж дека еден ден сепак ќе можам да заборавам“.