Знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство

1589

Кога луѓето се обидуваат да најдат знаци на физичко насилство, најчесто бараат видливи модрици, гребаници и други јасни знаци на повреди.

Но, што е со модриците кои окото не може да ги препознае? Честопати се случува насилството да помине незабележано, поради неговата невидливост.

Меѓутоа, постои еден знак што јасно покажува дека некој човек е жртва на физичко насилство.

Што е тоа физичко насилство?

Физичкото насилство се дефинира како намерно применување сила што предизвикува повреди на телото и доведува до неразумно казнување. Најчесто, жените се жртви на физичко насилство, но и постарите луѓе, луѓето со физичка попреченост, како и оние кои имаат проблеми со менталното здравје. Физичкото насилство честопати е присутно во интимните врски. Кога станува збор за децата, физичкото насилство обично го извршува некој член на семејството.

Колкав е бројот на пријавени случаи на насилство?

Семејното насилство можеби се случува пред вашите очи, а вие не сте ни свесни за тоа. Според Националната коалиција против семејно насилство, секоја трета жена и секој четврт маж барем еднаш во животот биле жртви на физичко насилство извршено од страна на нивните љубовни партнери. Освен тоа, секое 15-то дете е изложено на физичко насилство. Овие деца исто така се сведоци на семејното насилство што се случува во нивниот дом.

Насилство на телевизија

Кога би имало помалку насилство на телевизија, тоа би направило голема разлика. Постојат многу аргументи што докажуваат дека приказот на насилство на телевизија го отежнува неговото откривање во вистински живот. Некои луѓе тврдат дека преголемото присуство на насилството на телевизија, во видео игрите и на социјалните мрежи, придонело за фактот што сме станале имуни на него. Исто така, постојат докази дека луѓето кои постојано гледаат насилство се изложени на поголем ризик и самите да станат насилни.

Продолжува на страна 2