Знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство

1589

Кој е знакот што ги издава жртвите на физичко насилство?

Кога станува збор за физичко насилство и обичниот допир може да биде многу страшен. Можеби ќе се изненадите, но луѓето кои се соочуваат со семејно насилство не сакаат да се прегрнуваат. Иако за повеќето луѓе прегратката претставува утеха, жртвите на физичко насилство плашливо ја одбегнуваат.

Како се развива траумата со текот на времето?

Клиничкиот психолог Арон Кипнис, има објаснување зошто прегратката е толку страшна за жртвите на насилство.

„Насилството им остава белег дека допирот е опасен. Жртвите на физичко насилство се повлекуваат или се грчат кога некој ќе ги прегрне и покрај тоа што копнеат по физички контакт. Реакцијата е полоша кога прегратката е неочекувана или кога ќе им се прикраде некој одзади. Тоа воопшто не им се допаѓа“, објаснил психологот.

Зошто е толку тешко да се препознае овој знак?

И покрај тоа што сега го знаете овој неочекуван знак, сепак нема да можете толку лесно да го препознаете физичкото насилство. Постојат луѓе кои не биле жртви на насилство, па сепак не сакаат да ги допирате. Но, доколку личноста покаже многу силна реакција на обидот да ја прегрнете, тоа е знак на предупредување дека нешто не е во ред. Обидете се да ги препознаете промените во однесувањето, особено ако се придружени со видливи знаци на физичка траума. Тоа ќе ви помогне да дознаете дали се работи за физичко насилство и потоа да ја побарате потребната помош.