Кога се мажев, имав еден услов, да не живееме со неговите родители, поточно, ниту поблиску до неговата мајка, мојата свекрва. Ми рече: „Љубов, ако треба ќе одиме за Америка…“
Мајка ми претрпела многу, и сè и сешто доживеала од баба ми, нејзината свекрва, така што не сакав да ја доживеам истата судбина. Сепак… откако се венчавме, сопругот ми рече да се воздржам неколку недели… заради соседството… и дека по тие неколку недели ќе најдеме некое мало станче и ќе се иселиме.
Деновите минуваа, а мојот сопруг не покажа интерес за барање стан. Кога би го прашала, секогаш наоѓал некои изговори, а ние и понатаму живееме со неговите родители, веќе 3 месеци. Тоа ужасно ме нервирало.
Денеска, додека мојот сопруг е на работа, јас ги спакував своите работи и се вратив кај моите. Му оставив порака и му напишав каде може да ме најде.
Му оставив две опции, да дојде и да живее малку со моите родители, затоа што куќата на моите родители не е помала од куќата на неговите, или … кога ќе најде стан за нас двајца да ме повика, а јас со задоволство ќе дојдам да го продолжиме нашиот заеднички живот.
Тој сè уште ниту дошол ниту ми се јавил, и искрено бев малку загрижена. Мислев дека веднаш штом ќе се врати дома ќе дојде по мене, вака… Се надевам дека сè уште бара стан за двајцата“.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















