Оргазамот е одличен, но кога ги има неколку, тоа е вистинската посластица која не смееме да ја пропуштиме

415

Повеќекратни оргазми спаѓаат во легендите, но всушност тоа е сосема едноставна логика – колку повеќе начини постојат за да доживеат оргазам, толку е поголема веројатноста дека ќе ги имате повеќе.

Сѐ поприсутната Трејси Кокс го има одговорот и на тоа прашање, тврдејќи дека жените не смеат да се присилуваат да доживеат оргазам секогаш на ист начин, туку дека вистинскиот начин е препуштање на чувствата и на телото.

При тоа нуди и неколку добри совети како да ги зголемите вашите шанси за повеќе оргазми, па на прво место ги стави Кегеловите вежби кои вклучуваат притискање на пубококсигенални мускули (мускулите кои го запираат млазот на урината) и неговото задржување додека бавно се брои до 3. Жената тогаш треба да се опушти додека брои до пет, а потоа се повторува контракцијата (стегање). Постапно треба да се зголеми задржување на стиснатите мускули додека не се изброи до 10. Треба да се направат пет вежби три пати на ден и да останете на тоа.

Резултатите ќе бидат видливи за шест до осум недели, бидејќи посилните мускули ќе работат подобро, ќе потиснуваат повеќе крв во карлицата и ќе ги зајакнат контракциите, па оргазамот ќе биде подолг и посилен.

Стимулацијата треба да се менува, па Трејси Кокс препорачува ред на орален секс, ред на пенетрација и ред прсти за стимулација на клиторисот.

Задржување или доведување до работ на оргазамот и паузирање по него ќе ве навежба да останете не само на врвот на возбудата, туку, исто така, ќе го зголемите лачењето на ендорфин, а телото ќе го научите да се задржи во оваа состојба и ќе го помогнете доживувањето на повеќекратни оргазми.

Се разбира, добро е да се запаметат предизвикувачите на оргазам, звуците кои ги произведувате вие или вашиот партнер кога сте силно возбудени и да бидете свесни за нив цело време, што за возврат ќе ја зголеми возбудата, ќе додаде повеќе ендорфин и ќе ве доведе до оргазам неколку пати.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk