Американското здружение на кардиолози објави студија во која се нагласува важноста на избалансираните прехранбени навики.
Здравата исхрана придонесува на целокупниот здрав начин на живот и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, дијабетис тип 2 и хроничните заболувања.
Според авторите на студијата појадокот е секако најважниот оброк во текот на денот, а 20 до 30 отсто од возрасните го прескокнуваат овој оброк.
Оваа лоша навика како последица ја има зголемената стапка на дебелина и поголем ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетис тип 2.
Авторите на студијата нагласуваат дека времето на оброците е подеднакво важно како и содржината на самиот оброк.
Една од навиките на која треба да се придржуваме е порано да вечераме, како и меѓу оброците да не правиме паузи поголеми од пет часови.



















