Зошто некои мажи бегаат од жените

2174

Бракот и децата не се и некоја тема за дискусија во првите месеци на врската. Повеќето мажи би се исплашле и би избегале.

Тешко е да се најде жена која не минала низ љубовните јадови, но постојат некои, кои секогаш имаат партнер и многу ретко може да се слушне дека се сами.

Оние со помалку среќа често прават погрешни потези кои едноставно ги бркаат мажите од нив, па за тој дел од женската популација еве неколку совети.

Ако имате проблеми на љубовен план и не можете никако да задржите маж, време е да направите промена во својот пристап, поради тоа што досегашниот очигледно не функционира.

Размислете за тоа што барате од новиот партнер, па ако утврдите дека доста рано во врската барате одредени промени во неговиот изглед или однесувањето, сте ја пронашле волшебната формула за живот без љубовни проблеми – барањата од овој тип одложете ги за времето кога тој маж е веќе сигурно ваш.

Мажите уживаат во ловот, мислат дека се мачки, а вие глушецот, но во реалноста би требало да биде поинаку. Во секој случај, во случајот ако се покажете лесен плен, мажот наскоро ќе ги побара возбудувањата на ловот на друго место. Затоа, колку и да ви се допадна, не му се препуштајте премногу, оставете го да се помачи околу вас.

Исто така, контролата е чудна работа – секој сака да ја има, но никој не сака да биде контролиран. Ако постојано го повикувате и му праќате пораки, можете да бидете сигурни дека тој наскоро ќе го дигне сидрото и ќе исчезне во форма на ластовичјата опашка.

На крајот, она што веќе го знаете – бракот и децата не се некоја тема за дискусија во првите месеци на врската. Повеќето мажи би се исплашиле и би избегале.