Секојa шестa жена на својот сопруг не му дозволува да го види нејзиното голо тело

253

Речиси половина од жените се ужасно несигурни заради својот изглед што сериозно му наштетува на брачниот однос, вели истржувањето.

Несигурноста во сопствениот изглед заради двосмислените критериуми за убавина кои ги наметнува модата и медиумите почна да добива алармантни размери. Дури половина од жените поради таа несигурност имаат сериозни брачни проблеми, покажа истражувањето на компанијата за UKMedix.com

Верувале или не, но секоја шеста жена повеќе од година дена по свадбата не му дозволува на сопругот да ја види гола, што предизвикува големи караници со партнерот.

Покрај тоа, несигурноста влијае врз либидото на жената, многу од нив се кријат зад облеката поради недостатокот на желбата за секс, па затоа не е чудно што дури 40 од нив заради ова однесување на крајот завршуваат со развод.

Јасно е дека сексуалниот живот на жените во голема мера зависи од изгледот и самодовербата која жените ја имаат, но со оглед на тоа дека проблемите се сѐ почести, експертите препорачуваат сепак на време да го прифатите својот изглед.

Она што жените треба да запаметат е фактот дека, иако можеби ним тоа не им се допаѓа, за партнерот нивното тело е сепак атрактивно, бидејќи тоа да не е така, немало да дојде до брак.

Затоа, престанете да ги пребарувате модните списанија и излезете од ноќницата на вашата баба, време е малку да спиете голи.