Многу жени се соочуваат со болни менструални циклуси. Притоа, речиси сите земаат апчиња за да ја намалат неподносливата болка.
Но, она што сите го забораваат е дека постојат голем број природни начини кои се навистина ефикасни и можат да помогнат во таков случај. Поголемиот дел од нив се лесно достапни и веднаш делуваат.
Ова се 9-те природни трикови кои можат да ви помогнат да се ослободите од менструалните болки, а кои веројатно никогаш не сте ги пробале…
Ѓумбир
Познато е дека ѓумбирот има многу позитивно влијание на човечкото здравје, така што не е ни чудно што може да помогне и во овој случај. Пијте чај од ѓумбир или искористете го како зачин во готвењето. Ова ќе ви го смири стомакот и ќе ги намали менструалните грчеви во стомакот.
Јога
Ова е најдобриот начин за да предизвикате циркулација на крвта во сите делови од телото без да вежбате кардио. Направете некои едноставни јога вежби и истегнете го телото. Ќе забележите дека срцевиот ритам се забрзува и како што ќе почнете да се загревате, така грчевите ќе се намалуваат.
Цимет
Попрскајте цимет на чајот или на вашиот десерт. Циметот има антиинфламаторни карактеристики и ќе ги направи вашите болки подносливи.
Продолжува на страна 2



















