Американската непрофитна организација „Environmental Working Group EWG“ секоја година се занимава со анализа на производите на светскиот пазар и бара кои свежи производи имаат најмногу и најмалку пестициди.
Пестицидите се употребуваат за да се заштитат производите од паразити и болести, но исто така, тие се штетни и за човековото здравје, па производите кои биле прскани со пестициди во големи количини најдобро е пред да ги консумирате, добро да ги измиете и да ја отстраните кората.
Јаболката оваа година се на прво место, па така, нив најдобро е пред употреба добро да ги измиете, а потоа и да ја отстраните кората.
12 производи со најмногу пестициди
Јаболка, Праски, Нектарина, Јагоди, Грејпфрут, Целер, Спанаќ, Бабури, Краставици, Чери домати, Грашок и Компир.
12 производи со најмалку пестициди
Авокадо, Пченка, Ананас, Лук, Шпаргла, Манго, Папаја, Киви, Домати, Портокали, Карфиол и Батат (сладок компир).
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















