Ако редовно ставате коцка мраз на ова место, Кинезите велат дека телото се подмладува, многу болести исчезнуваат, а вие сте здрави, весели и полни со енергија.
Ова место се наоѓа помеѓу тетивите на вратот, конкретно на тилот каде што се наоѓа дупката во која се соединуваат главата и вратот. Тука се наоѓа точка, која во кинеската акупунктура се нарекува Feng Fu или засолниште на ветерот.
МЕТОД
Методот се состои во следново: легнете на стомак (или седнете) и ставете 1 коцка мраз (околу 2×2 cm) на местото на Feng Fu (дупчето на тилот) и држете ја така 20-тина минути. Коцката мраз може да се фиксира со завој, шамија, итн.
Тоа да се прави редовно, со паузи од 2-3 дена, наутро на празен стомак и навечер пред спиење. Со оваа постапка не е можно да добиете настинка.
Во почетокот може да биде присутно чувството на студ, но за 30-40 секунди се чувствува наплив на топлина на точката на делување. Првите неколку дена ќе имате чувство на еуфорија поради ослободување на ендорфин во крвта.
РЕЗУЛТАТИ
Што постигнуваме со редовно ставање коцка мраз на тилот, на точката Feng Fu?
- го подобрува сонот
- одлично расположение и целокупна виталност
- одлична работа на дигестивниот тракт
- збогум на настинките (мразот може да го користите и при зголемена температура)
- ги отстранува главоболката, забоболката и болките во зглобовите
Особено, делувањето на коцката мраз на точката Feng Fu помага со следните болести:
- респираторни заболувања
- болести на кардиоваскуларниот систем
- невролошки болести со дегенеративни промени на ‘рбетот
- акутни, гастроинтестинални и сексуално преносливи инфекции
- нарушувања на тироидната жлезда
- артритис, хипертензија и хипотензија
- бронхијална астма
- нарушувања во работата на гастро-интестиналниот тракт, дебелината и неухранетост
- целулитот (особено во превенција и рана фаза)
- нарушувања на менструалниот циклус и ендокрината неплодност
- психо-емоционални нарушувања, стрес, хроничен замор, депресија, несоница

Поточно кажано, делувањето на местото Feng Fu не лекува, туку го враќа човекот во физиолошка рамнотежа, телото го подмладува и на организмот му дава силен животен импулс.
Избегнете го методот ако сте бремена, имате пејсмејкер, епилепсија и шизофренија.
Во кинеската медицина, телото се гледа како енергетски систем, така што преку акупунктура и масажа може да се влијае на протокот на енергијата и функционалната активност на органите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.




















