10 совети како да ги мотивираме децата за учење

4122

Интересна статија на професор по психологија Тања Дејановиќ Шагадин нуди десет совети за подобро мотивирање на ученикот за учење. Текстот е подготвен од Виолета Драшковиќ.

Дете на возраст од 3-4 години е вистински сунѓер, секогаш спремно за нови искуства и знаења. Можеби ви е познато тажењето на некои родители: “Никогаш не престанува да праша зошто, како и секој одговор со себе носи уште пет прашања со себе.” А кога ќе се појават и непријатни прашања на кои немаат одговор, или навлегуваат во интимата, родителите се потат, избегнуваат да дадат одговор или пак го прекинуваат детето во надеж дека сите прашања ќе завршат.

За жал, се чини дека крајот на испрашувањето доаѓа тогаш кога ќе тргне детето на училиште. Изненадува и растажува фактот дека во текот на школувањето поголемиот број на тие мали сунѓери полни со прашања и интереси за сѐ, се претвори во мразители на учењето, на кои училиштето, учењето, домашните работи, а особено читањето – се товар и страдање.

Децата не стануваат мрзливи и незаинтересирани сами од себе. Тие тоа го учат. А често проблемот е во тоа дека оценките станаа цел сами по себе и дека целта не е на детето, туку на родителот, така што детето нема чувство дека учи за себе и постигнува нешто за себе, туку дека е тоа нешто што го прави за родителите. Често сета одговорност за учење и училишни постигнувања родителите, особено во текот на основното училиште, преземаат на себе, така што детето се помалку размислува околу тоа, поучено со искуството – дека тоа не е навистина неговата / нејзината грижа и дека родителите ќе ги одработат за него училишните обврски. Така, децата не успеваат да се здобијат со работни навики и да се грижат за училиштето – што обично ќе дојде на наплата при преминот во средно училиште.

Еве некои корисни совети

Училиштето и учењето се одговорност на детето

  • Родителите би требало постапно, во согласност со возраста на детето, да ја препуштаат одговорноста за училиште на детето. Ова значи дека детето само почнува да ја подготвува училишната чанта, да се грижи за домашна работа, да презема од библиотека книги за читање, самиот навива будилник за будење и само станува наутро на време. Се разбира, ова нема да го работи прваче, но во текот на првото одделение, најголем број од децата би можеле да преземат некои од овие одговорности. Важно е родителите да имаат на ум, дека детето оди на училиште за себе и тој пристап треба да се чувствува во разговори кои се водат со него. Од таков однос произлегува начин на комуникација и разговор, кој нема да ја убијат волјата за учење на детето туку ќе делува мотивационо.

Слушање наместо префрлување и постојано советување

Продолжува на страна 2