Во Грција откриена гробница од бронзената ера

2047

Гробница со големина на мала куќа, е пронајдена во јужна Грција. Почивалиштето му припаѓа на благородник од бронзената ера.

Грчкото Министерство за култура соопшти дека извонредно зачуваната гробница е најдена близу историскиот град Орхоменос, што претставувал важен центар за микенската цивилизација, и дека е стара околу 3.350 години.

Плоштината на гробницата е 42 метри квадратни. Тоа што таа е „искористена“ само еднаш, е голема предност за археолозите кои ги аналиизираат наодите, зашто во повеќето гробници се погребувале повеќе луѓе, во различни периоди, па постарите артефакти се мешаат со подоцнежните, и датирањето во тој случај е многу посложено.

Во наоѓалиштето се најдени керамички садови со метални обвивки, бронзени узди за коњи, како лакови и стрели.