Се предупредува на нова епидемија ! Децата се најпогодени

491

Иако бројките покажуваат значителен пораст, искуствата од целиот свет укажуваат дека овој тренд може да се запре и промени.

Децата кои поминуваат неколку часа дневно пред мобилни телефони, таблети и компјутери имаат значително поголем ризик од развој на миопија, која денес достигнува епидемиски размери. Експертите истакнуваат дека поминувањето време на отворено може да ја намали веројатноста за миопија кај младите.

Се предупредува дека се соочуваме со „епидемија на кратковидост“, поврзана со зголемената употреба на дигитални уреди.

На глобално ниво, пристапот до мобилни телефони речиси се тројструпчи за помалку од десет години — од 21,6% во 2014 година до 69% во 2023 година.

Најновите мета-анализи покажуваат дека децата кои поминуваат четири часа дневно пред екрани имаат двојно поголем ризик од развој на миопија во споредба со оние кои поминуваат еден час или помалку.

Начинот на живот и миопијата

Денес, миопијата засега околу 2,2 милијарди луѓе ширум светот, а проценките сугерираат дека до 2050 година речиси половина од светската популација ќе биде кратковида. Во Европа се забележува пораст, со преваленца што варира од 11,9% до 49,7%, со просек од 23,5%.

Причините за миопија се повеќекратни — генетски и фактори на животната средина — при што начинот на живот на децата игра клучна улога.

Ризикот се зголемува ако родителите се кратковиди:

  • Децата со еден родител кратковид имаат двојно поголем ризик.
  • Децата со двајца родители кратковид имаат до петкратен ризик.

Образованието исто така се поврзува со миопијата. Земјите и регионите со повисок образовен статус на населението, особено во Европа и Азија, покажуваат поголема преваленца. Тоа се објаснува со зголемена работа во близина — читање, пишување и работа на компјутери и паметни телефони — иако биолошките механизми не се целосно разбрани.

Продолжената работа во близина дополнително го зголемува ризикот, особено ако децата читаат повеќе од 30 минути без пауза и на растојание помало од 30 сантиметри.

Од друга страна, поминувањето време на отворено се покажа како еден од ретките јасно потврдени заштитни фактори. Клинички студии покажуваат дека децата од шест до 11 години имаат помала инциденца на миопија ако секојдневно поминуваат 40–80 минути на отворено.

Превенција и практични совети

Примерот на Источна и Југоисточна Азија, каде преваленцата на миопија кај младите возрасни достигнува 80–90%, во споредба со 20–40% во западните земји, ја нагласува важноста на факторите на животната средина, како што е недостатокот на дневна светлина.

Една успешна интервенција е програмата „Тиан-Тиан 120“ во Тајван, која ги охрабрува децата да поминуваат време на отворено. Програмата успеа да го запре и промени долгорочниот тренд на раст на миопијата кај учениците, што покажува дека влијанието врз популациското ниво на миопија е можно.

Постојат неколку можни механизми за заштитниот ефект на времето поминато на отворено, вклучувајќи:

  • зголемено лачење на допамин во мрежницата,
  • повисоки нивоа на витамин Д,
  • поголем интензитет на светлина и
  • поголема длабочина на фокус.

Се советува родителите да:

  • водат децата на редовни превентивни очни прегледи,
  • ограничат времето пред екрани: до 2 години — без екрани, до 5 години — максимум 1 час дневно, до 12 години — максимум 2 часа дневно,
  • поттикнуваат игра и учење на отворено со доволно природна светлина,
  • правилно користат очила или контактни леќи.