Кога ќе се преминат 30-те години, жените се соочуваат со недостиг на брачниот пазар, бидејќи многумина се во брак, а добиваат и име “мома за мажење”, па така додворувачите ги избегнуваат. Нереалните очекувања се голема пречка.
Кога ќе се омажиш? Нема немажена жена на која најмалку еднаш не ѝ беше упатено ова прашање, а љубопитните се најчесто родителите, поблиските или подалечните роднини, пријателите, познаниците, колегите, додворувачите, а често и луѓе кои туку што ги запознала. И покрај тоа што во последниве години “се подразбира” дека жените пред мажење го завршуваат образованието, се вработуваат и осамостојуваат, така што поголемиот дел стапнуваат на “лудиот камен” околу 30-тата година, прашањето за бракот се провлекува од раните дваесетти години, а како времето одминува, љубопитните се сѐ погласни и поупорни. Се разбира, единствен предуслов е да се пронајде сродна душа, а што воопшто не е така лесно.
“Кога ќе се земе в предвид животното искуство, како и биолошкиот часовник на жената, вистинското време за да се влезе во добар и успешен брак се доцните дваесетти години”, рече во интервјуто за ” Живот плус” Зоран Миливојевиќ, психотерапевт. “Од една страна, колку повеќе искуство ќе се стекне , толку е полесно и подобро да се процени идниот партнер и да се избегне правењето грешка, која жената би можела да ја направи во раната младост. Сепак, не треба да заборавиме дека идеалното време за мајчинство е на возраст од 23 години, што денес многу дами го занемаруваат.”
Дваесеттите години се резервирани за студирање, вработување и напредување во кариерата, формирањето на близок круг на пријатели, патување, пронаоѓање и создавање на своето “јас”, така што “животот”, всушност, започнува во триесетите години. Економскиот и социјалниот кодекс нѝ го наметнува тоа темпо и ги поместува границите на мајчинството, а многу жени дури на прославата на 30-тиот роденден стануваат свесни дека веќе не се во “цутот на младоста” и почнуваат да размислуваат за создавање на семејство.
Нашиот соговорник укажува дека има голем број на успешни, паметни, добро ситуирани и убави жени, кои имаат повеќе од 30 години, а не се во брак, дури немаат ниту партнер.
“Ова е сериозен проблем на модерната генерација. Кога доаѓаат во тие години, жените се соочуваат со т.н. недостаток на брачниот пазар, со оглед на тоа дека голем број на мажи веќе е во брак. Го добиваат епитетот моми за мажење, па дури многу додворувачи ги избегнуваат, бидејќи сметаат дека сакаат брак, но по само еден месец на забавување”, објаснува Миливојевиќ.
Познатиот психотерапевт смета дека младите жени многу чекаат, бидејќи се наметнува дека е модерно да се живеење во стилот на серијата “Сексот и градот” и дека за брак секогаш има време.
“Многу жени кај нас планираат да се омажат по 34-та година, бидејќи до тогаш сакаат, како што велат, да го живеат животот и да се реализираат на работа. Се разбира дека е и тоа можно, но мислам дека нема потреба да се чека толку долго, без разлика на тоа дека бременоста или семејството негативно влијаат на кариерата на жените во одредени компании”, вели Миливојевиќ.
Продолжува на страна 2



















