Кога е вистинското време да се стапи во брак

1700

Од друга страна, притисокот на околината дека 30-та година е “последната граница” често е сосема контрапродуктивен, па многу жени го прават токму спротивното. Во дваесетите голем број на бракови склучени од погрешни причини, иако, се разбира , постојат и тие кои имаат вистинска љубов, бидејќи многумина во тие години поминуваат од моментално убавото искуство, мислејќи дека тоа ќе трае во текот на животот и не се ниту свесни дека заедницата на две лица вклучува и многу проблеми и обврски, кои со време ја “убиваат” романсата.

Затоа се случува девојките, кои во раната младост го рекле судбоносното “да”, често и да не го запознале својот сопруг, односно тие и не знаат како бракот ќе функционира во проблематични ситуации. Предноста на венчавањето во триесеттите години е тоа што жените се изградиле, точно знаат што сакаат и имаат доволно животно искуство подобро да го проценат потенцијалниот партнер, за разлика од младите девојки кои се сѐ уште “во потрага по” самите себе, често ги прилагодуваат своите размислувања со машките ставови, премногу ја анализираат врската и остануваат во љубовни врски без иднина.

Влегувањето во четвртата деценија од животот секако носи повеќе самодоверба и на првите знаци дека емотивната врска не води во вистинската насока, тие се подготвени да раскинат. Исто така, за вистинскиот маж подготвени се да се борат со целото свое срце и не се плашат гласно да го кажат она што сакаат и очекуваат од партнерот.

Инсистирањето на околината дека секоја немажена жена претставничка на поубавиот пол треба по секоја цена да има момче, исто така, може да биде штетно за жената и таа ненамерно да влезе во врска само за да не биде сама, а така може и да ја пропушти својата сродна душа заради луѓето кои не ѝ одговараат. Ако во моментот сте сами, не е крај на светот и тоа не ја намалува вредноста на жената. Експертите советуваат дека е подобро да се биде без партнер, наместо во клучниот период од животот да “робувате” во промашената врска или брак.

Се разбира, нереалните очекувања се голем противник на успешна врска, но зрелоста носи и сознание дека никој не е совршен, дури ниту вие. Вистинска среќа може да се пронајде само со компромис, добри односи и меѓусебно разбирање.

“Голем проблем е кога некои жени со 33 или 34 години ќе дојдат и ќе кажат – Сакам да се омажам за убав, успешен и ситуиран човек и не ми е намерата да ги спуштам критериумите. Секако дека не би требало да ги намалува критериумите, но пристапот дека никој не е доволно добар за неа, е една голема пречка за да се даде шанса на некој кој навистина вреди, меѓутоа на прв поглед тој не се вклопува во нивната визија на совршен маж”, вели Миливојевиќ.

Ако не сте се омажиле до 30 години не е крајот на светот, но вистинското време е со доволно животно искуство да дадете можност на вистинскиот додворувач.

Извор: novosti.rs | Марија Павковиќ

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.