Психолог ве советува како да си го олесните животот

2344

Ако се грижите за вашето тело, многу брзо ќе се чувствувате подобро.

Вежбањето и здравата исхрана веднаш даваат резултати и им помагаат на телото и умот да се справат со многу проблеми, вклучувајќи ги и анксиозноста и депресијата.

Покрај грижата за телото и физичката активност, постојат и други начини на кои можете да го подобрите вашето ментално здравје и да си го направите животот полесен.

Прифатете ги вашите емоции

Некои сметаат дека повеќето физички и ментални проблеми потекнуваат од неспособноста правилно да ги доживееме емоциите. Кога сме тажни, бесни или исплашени ние тоа го негираме, го рационализираме, го криеме со лекови и алкохол, спиеме… Некои луѓе трошат повеќе енергија обидувајќи се да ги избегнат емоциите отколку да се справат со нив. Поради ова важно е да ги чувствувате вашите емоции. Дури кога ќе го спуштите вашиот ѕид подобро ќе разберете зошто сте повредени и што сакате да направите во врска со тоа.

Ризикувајте секој ден

Структурата и рутината се важни, но во нив лесно можете да заглавите. Ова значи дека ќе нема никаков напредок. Затоа е добро и корисно да преземате одредени ризици. Поставете си предизвик секој ден да преземете некој ризик, без разлика дали е тоа разговор со странец, искажување на некое ваше мислење или што било што ќе ве натера да излезете од удобната зона.

Живејте во сегашноста

Менталното здравје страда кога сте опседнати со она што се случило или со она што ви го направиле другите. Важно е да преземете одговорност за она што го правите и создавате денес. Живејте во сегашноста без премногу да размислувате за иднината или за минатото.

Продолжува на страна 2