Ослободете се од лошите нешта
Обично постои барем едно нешто во вашиот живот што само ви создава проблеми. Откријте кој или што е ова нешто и отстранете го од вашиот живот. Можеби ви изгледа безначајно, но и најмалата нервоза може да го влоши вашето расположение.
Опкружете се со позитивни миризби и звуци
Нашето опкружување може да ни влијае на здравјето. Можете да предизвикате позитивни емоции со ароми како лимон и нане. Исто така пуштајте музика којашто ќе ви го подобри расположението.
Инспирирајте се
Наоѓајте инспирација во сè, од читање книги до читање весници.
Одвојте време за медитација
Секој ден одвојте барем неколку минути да седнете, да се релаксирате и да дишете. Многумина мислат дека медитацијата е комплицирана, но таа не бара многу време и труд, а може навистина да ви помогне.



















