Дали знаете што е “MISOFONIA”?

2009
SAMOVIBIA

Дали понекогаш имате чувство дека едноставно ќе полудите од звукот на сркање супа или џвакање крцкави чипсови?

Добрата вест е дека не сте единствените.

Омразата што некои луѓе ја чувствуваат кон секојдневните звуци како џвакање храна, пукање со усните, пишување, кликнување на хемиско пенкало или грицкалица за нокти е нарушување наречено мизофонија.

Иако сè уште нема многу истражувања за мизофонијата, знаеме дека има голем број луѓе кои страдаат од ова нарушување, а неодамна има и онлајн групи (на интернет) за поддршка посветени на мизофонијата.

Некои луѓе кои страдаат од мизофонија се толку вознемирени од одредени звуци што не можат да работат нормално.

Истражувањата покажале дека мизофонијата може да се поврзе со анксиозност, депресија и опсесивно-компулсивно нарушување, но од друга страна, некои истражувачи сметаат дека мизофонијата воопшто не е „вистинско“ нарушување, туку само намалена толеранција на звуци.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, откриле дека повеќето луѓе реагираат негативно на звуци како што се џвакање, шмркање и пукање со устата, но кај луѓето со мизофонија тие реакции се многу посилни.

Исто така, луѓето со мизофонија генерално се свесни дека нивните реакции на звуци може да бидат несоодветни (раздразливост, понекогаш агресија) и се обидуваат да ја намалат изложеноста на звуците (на пр. слушалки), а некои целосно избегнуваат ситуации каде што може да се појави „шум“.