Воспитен стил прилагоден на фалбаџиското дете

1863

Главна карактеристика на фалбаџиските деца е несигурноста, бидејќи фалењето е секогаш предизвикано од потребата на детето да се претстави поинакво, отколку што е, тврдат психолозите.

Детето фалбаџија е несигурно во себе и мисли дека мора да измислува за да го прифати околината, па затоа би сакало да биде попаметно, поголемо, повешто…

Треба да се направи разлика меѓу фантазирањето, кое е изразено кај малите деца и кое е израз на креативноста и фалењето, кое почнува во првите одделенија од основното училиште.

Границата меѓу фалењето и лажењето е тенка, но е препознатлива. Имено децата фалбаџии се обидуваат себе си да се претстават во поинакво светло поради внатрешното чувство на несигурност, додека оние кои прибегнуваат кон лажење тоа го прават од други причини (избегнување на казна, заташкување на непријатната вистина).

Следуваат неколку совети за тоа како родителите можат да му помогнат на детето, кое е фалбаџија.

Самодоверба

Најбрзо ќе го искорените фалењето, доколку ја промените несигурноста кај детето и му ја зајакнете неговата самодоверба. Дадете му до знаење дека го сакате такво какво што е. Децата, кои во реалниот живот имаат доволно признанија не мораат да бегаат во светот на соништата.

Продолжува на страна 2