Зошто е добро да се јаде лук на празен стомак?

3615

Лукот има моќно дезинфекциско, антибактериско и фунгицидно дејство, кое лесно може да се спореди со најдобрите антибиотици, но што се случува ако го изедете на празен стомак?

Ефектот е многу посилен!

Научниците потврдија дека конзумирање лукот на празен стомак ја зголемува неговата ефикасност во смисла на природен антибиотик, бидејќи бактериите се откриени и не можат да се одбранат од “страшниот лук”.

Лукот содржи околу 400 активни состојки, богат е со витамини и минерали, како што се аденозин, алицин, амино киселини, диететски влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Со редовна употреба лукот ја стимулира циркулацијата и го олеснува протокот на крвта, го намалува високиот крвен притисок и мастите во крвта како и срцевите заболувања. Сѐ на сѐ, одличен е антиоксиданс.

Во историјата на медицината, антибактериските и антивирусните својства на лукот се многу познати. Лукот и неговите состојкии беа предмет на бројни студии кои масовно го докажале нивното дејство на инфекциите предизвикани од бактерии и вируси. Истражувањата потврдуваат и тоа дека лукот има значајни антиканцерогени својства. Редовното консумирање во големи количини лукот го намалува ризикот од појава на многу видови рак, особено на ректумот и на бубрезите.

Ова се само неколку конкретни случаи во кои лукот може да биде од голема помош

  1. Дали имате на телото брадавица или сличен израсток, ставете на местото пресечено парче лук и затворете го местото со фластер. Оставете го преку ноќ и повторувајте ја постапката неколку дена додека брадавицата целосно не отпадне.
  2. Дали ве боли увото, сварете две чешниња лук и капнете неколку капки во увото.
  3. Во случај на ревматски болки втријте чешне лук на болното место, болката ќе се намали.
  4. Дали страдате од несоница, навечер јадете салата со лук.
  5. Ако ве болат мускулите, јадете лук, ги релаксира мускулите.

Како да се консумира лук без непријатниот мирис?

Продолжува на страна 2