Како да се консумира лук без непријатниот мирис?

Сепак, поради проблемите со непријатниот мирис кој останува по конзумирањето на свеж лук, повеќето луѓе речиси никогаш не го користи суров. Лукот е најздрав во сурова форма и тоа така што пред употреба на неколку минути да се згмечи или исечка, па да отстои на воздух за да се создадат соодветни хемиски елементи, особено алицин.
Така подготвениот лук е најздрав но, создава најмногу непријатна миризба. Меѓутоа, ние откривме и проверивме добро решение кое ќе ви овозможи употреба на лук во сирова форма, без мирис.
Потребно е да се најде помал домашен лук. Нагласуваме домашен, бидејќи сме преплавени со голем и “сомнителен” лук увезен од Кина.
Грубо со раце излупете ја целата луковица на чешне. Издвојте од 2-3 помали чешниња и ставете ги во малку вода да отстојат десетина минути. Потоа извадете ги од водата и едноставно со прстите излупете ја кожата, која лесно ќе се симне од влажниот и натопен чешен лук. Не користете нож, бидејќи е важно да не го оштетите ниту да го зарежете чешнето. Тој мора да остане цел и недопрен што е клуч за употреба на лукот без мирис.
Кога ќе ги излупите парчињата испијте ги со чаша вода цели онака како што пиете таблети. Направите го тоа на празен стомак, најдобро најмалку 45 минути пред јадење. И тоа е се.
Вака користен лук нема да произведе никаков мирис, ќе се раствори во вашиот организам и ќе донесе поголем дел од корисни својства. Мирис нема да има ниту тој, ниту следниот ден. Се е проверено. Важно е лукот да не биде ниту малку зарежан или оштетен за време на подготовката и лупењето. Исто така, важно е да изберете само мали луковици и чешниња за да не ви застанат во грлото при голтање. Парчињата не треба да бидат поголеми од таблети или капсули. Нашиот домашен лук речиси секогаш е мал.
Доволно е да се земат 1-2 мали чешниња секој ден, а времето на користење подесете го на вашиот начин на живот.


















