Билна аптека за главоболки | Ѓумбир, ноќна јаглика, гинко …

4293

Ниедна природна терапија или фармацевтска не делува на секој тип главоболка. Меѓутоа, постојат неколку лековити билки кои можат да помогнат во олеснувањето на различни типови главоболки

ЛОВОР, ДАФИНОВ ЛИСТ (Laurus nobilis)

Ловорот содржи соединенија кои се познати како партенолиди а се многу корисни при лекувањето на мигрена. Иако механизмот на главоболките не е сосема објаснет, се чини дека причинска улога има ослободувањето на невротрансмитеркиот сератонин од крвта. Партенолидите го инхибираат ослободениот серотонин од крвните зрнца.

ЛОВОР, ДАФИНОВ ЛИСТ (Laurus nobilis)

ВРАТИКА (Tanacetum parthenium)

Според искуството во природната медицина, вратиката делува скоро на две третини од оние кои постојано го користат против главоболки. Како ефикасно средство против главоболки, вратиката се спомнува и во студии објавени од страна на Британското медицинско списание.

За лекување обично се користат свежите листови од оваа билка, и тоа од еден до четири листови на ден. Меѓутоа, во свеж облик, листовите немаат многу пријатен вкус и можат да предизвикаат ранички во устата. Затоа се препорачува пиење на чај од оваа билка, и тоа подготвена од неколку листови (2-8) со една чаша врела вода. Чајот не треба да се готви, зошто може да ги разгради партенолидите, затоа само оставете ги листовите да киснат околу 20-тина минути. Вратиката не смеат да ја користат трудници и доилки.

ВРАТИКА (Tanacetum parthenium)

ВРБА, кора (Salix, различни видови).

Кога билкарите говорат за врбата како растителен аспирин, тогаш мислат на белата врба (Salix alba). Но овој вид има многу малку салицин, хемиско соединение кое се наоѓа во кората, налик на аспиринот, кое ги ублажува болките. Доколку сакате некое појако средство, тогаш во облик на чај употребете ги следните видови: Salix daphnoides, Salix fragilis и salix purpurea.

Обично се препорачува земање на 60 до 120 мг салицин за лекување главоболка, а тоа е 1 лажичка кора со висока концентрација салицин или 1 до 1 ½ лажичка бела врба. Повеќе од 86 % од салицинот се апсорбира во дигестивниот тракт, и со тоа се обезбедува потребното нивото на хемикалијата во крвта во период од неколку часа.

Ако сте алергични на аспирин, не треба да употребувате кора од врба.

ВРБА (Salix daphnoides)

НОЌНА ЈАГЛИКА (Oenothera biennis)

Оваа билка е најдобриот извор на фенилаланин, амино киселина која ја има во мајчиното млеко. Ова соединение има антидепресивни ефекти и се користи против болки. За оние со хронични главоболки, нутриционистите препорачуваат дневна доза од 6-8 капсули масло од ноќна јаглика.

Сончогледовите семки исто така се богати со фенилаланин, а со помала количина може да се најде и во: поточарка, грав, соја, кикирики, леќа, спанаќ и рогач.

НОЌНА ЈАГЛИКА (Oenothera biennis)

ЛУК (Allium sativum) и КРОМИД (Allium cepa)

Клетките во крвните плочки кои се одговорни за згрутчување на крвта, исто така се одговорни и за главоболките. Секако дека не би смеело целосно да се уништат овие крвни плочки, затоа што без нив може да се искрвави до смрт. Меѓутоа, ако се намали нивната активност, може да дојде до спречување на мигрената. Нутриционистите препорачуваат голем внес на лук и кромид, затоа што овие билки ја разредуваат крвта и на тој начин ја намалуваат активноста на крвните плочки. Од истите причини, лукот и кромидот се препорачуваат за кардиоваскуларни болести.

ЛУК (Allium sativum) и КРОМИД (Allium cepa)

Продолжува на страна 2