ЃУМБИР (Zingiber offcinale)
Луѓето од Азија често го користат ѓумбирот за спречување на главоболките. Бидејќи ѓумбирот е благопријатен за здравјето на повеќе начини, можете да го користите и против главоболки, во сува или свежа состојба. Доволни се околу 5 грама рендан ѓумбир, или 500 мг сув ѓумбир во капсула.
За поголема делотворност, ѓумбирот можете да го комбинирате со некоја друга лековита билка: комбинацијата со куркума има антиинфламаторни и многу други лековити својства.

ГИНКО (Ginko biloba)
Една медицинска студија утврдила дека главоболките можат да исчезнат при зглолемена мозочна циркулација. А всушност, тоа го прави гинкото: го подобрува крвотокот во мозокот. Билкарите препорачуваат 30 капки стандардизиран екстракт кој содржи 0,5% флавоноидни гликозити, трипати дневно во период од еден до два дена.

ПИПЕРКИ (Capsicum, различни видови)
Лутата состојка во пиперките-капсаицинот, исто така е чудесен олеснувач на болката. Повеќе студии го откриваат фактот дека капсаицинот ја спречува хемикалијата која е одговорна за пренесување на импулсот за болка. Чили пиперките се најдобриот извор на салицилат, кој налик на аспиринот ја лекува главоболката.

МАСЛО ОД ПИТОМО НАНЕ (Mentha piperita)
Кога ќе се помеша со малку алкохол и се втрие на слепоочниците, маслото од нане помага во ублажувањето на главоболката.Може да се додаде и масло од лаванда, евкалиптус и рузмарин кои хармонично ќе делуваат заедно. Овие масла се за надворешна употреба.

ТОЛЧНИК (Portulaca oleracea) и друга храна која содржи магнезиум
Нутриционистите препорачуваат зголемени дневни дози на магнезиум, затоа што недостигот од овој минерал е откриен кај луѓето кои патат од хронични главоболки. Покрај оваа билка, магнезиумот го има и во мешункастиот зелнчук, маак, овесот и спанаќот.

Извор nmd.mk
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















