Кујната без сол не е комплетна кујна. Но, освен за готвење, солта може да се искористи и за различни трикови во домаќинството.
Малку ќе ви солиме памет, па ќе ви кажеме неколку од нив:
– Наједноставен начин да ја исчистите нечистотијата од спанаќот или марулата е да ги измиете во сад со солена вода.
– Ако внатрешноста на вашиот прозорец ја пребришете со сунѓерче потопено во солена вода, ќе спречите прозорецот да ви фати мраз во зима.
– Ако масен сад пред да го миете го посолите, полесно ќе ја отстраните маснотијата.
– За да го решите проблемот со пегла што ви лепи додека пеглате, на лист хартија ставете сол и прејдете по него со пеглата. Повторете го тоа по потреба.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















