Објавено February 13, 2017. Прочитано 21732
Доколку по признанието се избегнат и казната и гневот на родителите, децата и следниот пат ќе бидат искрени и ќе имаат доверба во вас. Децата од четири години не се ни свесни дека не ја зборуваат вистината.
Иако децата од многу рана возраст знаат дека не е добро да се лаже, тоа сепак го прават. За да ја избегнат казната, го избираат полесниот начин.
И додека родителите се обидуваат да ги убедат секогаш да кажат она што ги мачи, научниците откриле дека децата почесто ќе кажат она што го направиле. Важно е да се истакне дека кај родителите треба да ја чувствуваат позитивната реакција по признанието.
– Родителите кои, во моментот кога нивното дете им признава дека нешто лошо направило, ќе останат смирени и ќе покажат одредена доза на задоволство со самото тоа дека детето им ја кажало вистината, на најдобар пат се децата и по втор пат да бидат искрени со нив – објаснува авторот на студијата, Крег Смит од американскиот универзитет во Мичиген.
Резултатот на ова истражување го потврдиле и резултатите од претходните истражувања, кои покажале дека пофалбата на искреноста го поттикнува детето да биде вистинољубиво и да продолжи да ја кажува вистината. Крег Смит со својата колешка Михаела Рицо од Универзитетот во Мериленд поканил група деца на возраст од четири до девет години да слушаат приказни за децата кои направиле некое зло.
Во секоја приказна беше измислен детски лик кој нешто згрешил, на пример ситна кражба, и тогаш ликот или лажел или ја признал грешката. По секоја приказна истражувачите ги испитувале децата што мислат за тоа како се чувствувале измислените ликови по признавањето – добро или лошо?
Продолжува на страна 2



















