Објавено June 26, 2017. Прочитано 2716
Со години интернетот изобилува со статии во кои се наведува дека крвта на малолетниците (па дури и деца), е главниот извор на младоста и долговечноста на психопатската елита.
Интернетот е преплавен со статии за принесување човечки жртви, канибализам и почести скандали поврзани со елитни педофили и оние чија “забава” е како најлоша хорор приказна. Mainstream медиумите, таквите статии обично ги прозиваат за теории на заговор кои немаат никаква врска со вистината.
Но една “теорија на заговор” стана факт и тоа благодарение на објава на една научна работа за чија апликација супер-богата постара елита плаќала многу пари, бидејќи мисли дека конечно ѝ е на дофат еликсирот на младоста. Тоа е процесот на парабиоза, поточно уфрлање на крв од што помлади луѓе во телото на старците.
Во енциклопедијата се наведува дека парабиозата е заеднички живот на два организми кои се поврзани на вештачки (оперативен) начин, обично преку воспоставување → анастомоза помеѓу крвните садови. Парабиозата особено се применува во имунологијата и експерименталната ендокринологија, заради проучување на меѓусебно влијание на два организми. Најуспешните такви експерименти биле изведени на белите стаорци, а послужиле како појаснување на некои хормонални механизми и проблеми за прифаќање, одн. отфрлање на трансплантирани тумори. – Во природата анатомска и физиолошка поврзаност помеѓу два организми се среќаваат кај → сијамските близнаци.
Но, сепак модерната парабиоза се најде во фокусот на интересот на алчната елита дури по 2014 година, кога научникот невролог Tony Wyss-Coray објавил научна студија во списанието Science и Nature Medicine под име: Young blood reverses age-related impairments in cognitive function and synaptic plasticity in mice, во која открива дека со трансфузија на крв на младите глувци во телото на стариот глушец се намалиле дури и се поништиле ефектите на староста и геријатриската болест. Дополнителните студии откриваат дека постојани трансфузии на крв кај стари глувци предизвикуваат подмладување, регенерација на ткивото, враќањето на нормалната когнициска функција и секаква виталност.

По објавувањето на оваа студија, Jesse Karmazin ја активирал компанијата Ambrosia LLC која почнала да врши клинички испитувања на трансфузија на крвта на тинејџерите на старите лица и веќе има голем број на нетрпеливи супер-богаташи кои чекаат во ред за доза крв.
Vanity Fair објавил дека Ambrozia добива крв на тинејџери од легални банки крв и дека сега за сега работи со стотина супер-богаташи кои крвниот еликсир на младоста го добиваат на неколку месеци и плаќаат големи суми на пари за тоа.

Peter Thiel, милијардер, основач на PayPal и советник на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, околу крвниот еликсир на младоста за списанието Inc изјавил:
“Ме интересира парабиозата за која мислам дека е многу интересна. Научниците ја префрлиле крвта на младите глувци во старите глувци и откриле дека таквата крв има подмладувачки ефект. Мислам дека многу од овие работи не се доволно истражени.”
Првиот медиум кои сериозно се позанимавал со темната страна на парабиозата е Viceov Tonic. Во нивниот краток видео прирачник јасно е дадено до знаење како богати стари луѓе ја користат крвта на тинејџерите за да живеат подолго.
Ајде да го погледнеме видеото.
Продолжува на страна 2



















