Истражувањата покажаа дека редовното вежбање го зголемува обемот на мозокот и меморијата

1096

Новото научно истражување ја поддржува идејата дека физичката активност е корисна за мозокот.

Студијата спроведена од американски научници открива врска помеѓу редовната физичка активност и големината на мозочните региони поврзани со меморијата и учењето.

Студијата, која анализирала скенирање на мозок со магнетна резонанца (МРИ) на 10.125 луѓе, покажа дека оние кои се занимаваат со активности како што се пешачење, трчање или спортување имаат поголем волумен на мозокот во клучните области како што е фронталниот лобус, одговорен за донесување одлуки. и хипокампусот, кој е вклучен во процесот на меморија.

Не е неопходно да се прават 10.000 чекори дневно

Дури и умерените нивоа на физичка активност, како што е одење помалку од 4.000 чекори на ден, може да имаат позитивно влијание врз здравјето на мозокот, вели др. David Merrill од Pacific Neuroscience Institute Brain Health Center (PBHC), предизвикувајќи ги на тој начин вообичаено препорачаните 10.000 чекори како цел за посакуваната општа дневна активност.

Иако зголемениот волумен на мозокот не гарантира подобрена функционалност, тоа често укажува на промени во когнитивните способности.

Без оглед на тоа што студијата не се занимава со специфични манифестации на зајакнување на мозокот, што е резултат на редовно вежбање, познато е дека овие области играат клучна улога во меморијата и учењето. Резултатите од гореспоменатото истражување објавени се во Journal of Alzheimer’s Disease.

Редовната физичка активност е поврзана со подобрување на протокот на крвта, вклучително и мозокот, и зголемено ниво на протеини кои го поддржуваат здравјето на невроните. Стареењето го зголемува ризикот од невродегенеративни болести, а поголемиот волумен на мозокот може да придонесе за одложување на когнитивниот пад поврзан со состојби како што е Алцхајмерова болест.

Претходните студии, исто така, сугерираат врска помеѓу повисоките нивоа на активност и намалениот ризик од деменција, иако директната причина и последица остануваат недокажани. Истражувачите повикуваат на зголемена свест за придобивките од вежбањето, особено во подоцнежните години, истакнувајќи дека дури и ако некој не достигне 10.000 чекори дневно, и телото и мозокот сè уште имаат корист од активноста.

Вежбањето не само што го намалува ризикот од деменција, туку помага и во одржување на големината на мозокот, што е клучно како што старееме, заклучува Cyrus Raji, радиолог од Washington University во St. Louis.

Извор: Science Alert