Еве зошто мажите живеат пократко

981

Научниците утврдиле дека на должината на животот на мажите најголемо влијание има фактот што машкиот организам функционира поинаку од женскиот.

Кардио-васкуларни заболувања

Според податоците на Американското здружение за проучување на кардиоваскуларни болести, машкото срце е покревко од женското, а стапката на смртност од кардиоваскуларни болести кај мажите е 1,5 пати поголема отколку кај жените. Исто така, посилните половини спаѓаат во ризичните групи во текот на нивниот животен век, додека кај жените ризикот се зголемува дури по 55-годишна возраст.

Ваквата статистика е поврзана со конзумирањето на тутунски производи и алкохол, но и со нездравиот начин на живот, особено мрсната и неурамнотежена исхрана.

Тестостерон

Хормонот кој влијае на репродуктивната функција, мускулната маса и општото „машко“ однесување влијае и на животниот век на членовите на машката популација: Истражувачот од Харвард Карл Палас ја открил врската помеѓу хормонот тестостерон и животниот век во февруари 2014 година и докажал дека вишокот на тестостерон во крвта влијае на зголемување на штетниот ЛДЛ холестерол во крвта. Липопротеинот (ЛДЛ) влијае на појавата на гранулите на холестерол кои ги стеснуваат артериите, а со текот на времето можат целосно да ги затнат, поради што се зголемува ризикот од срцев удар.

Став кон здравјето и поретки посети на лекари

Со оглед на тоа што мажите обично се сметаат за посилен пол, постои и верување дека тие се „предодредени“ да страдаат од болка: според статистиката на Агенцијата за здравствена заштита и квалитет на истражување, мажите посетуваат лекари дури 24 проценти поретко од жените, додека во 2012 година речиси една третина од светската популација мажи живееле без здравствено осигурување. Причината за тоа е што мажите ретко забележуваат, но и признаваат дека имаат здравствени проблеми само за да не одат на лекар, што на крајот доведува до поголема смртност.

Побавен развој во утробата на мајката

Специјалистите на УНИЦЕФ презентирале поразителни податоци во серија од нивните истражувања за смртноста при раѓање, а професорот Џој Лон, доктор по медицински науки од Лондонската школа, во своите истражувања дошол до заклучок дека развојот на машките деца во мајчината утроба е побавен од развојот на женските деца. Токму затоа, машките бебиња имаат 14 проценти поголема веројатност да се родат предвреме од женските бебиња – до моментот кога ќе се родат машките бебиња, нивните бели дробови не се развиваат целосно и се јавува таканаречениот синдром RDS (респираторен дистрес синдром), при што белите дробови кај машките бебиња не се отвораат со првиот здив.

Навики во исхраната

Нездравиот начин на живот кој вклучува брза храна е уште еден фактор што придонесува за повисоки стапки на смртност и пократок животен век на мажите. Истражувањето на институтот Галуп покажува дека мажите консумираат брза храна 2 пати почесто од жените, а има неколку причини за тоа: брзата храна не бара да се троши време за нејзината подготовка (како што кажува името, брза е), таа е вкусна, и погодна за јадење. Меѓутоа, големите количини сол, масти и адитиви ја прават таквата храна крајно нездрава и штетна за кардиоваскуларниот систем, но и за желудникот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.