Научниците посочија природна “вакцина” против ракот

1459

Кората на плодот е вистинска ризница за корисни материи.

За никој не е тајна дека јаболката се многу корисни плодови. А ако бидат изедени со кората, тогаш тие директно се претвораат во “вакцина” против таква страшна болест како ракот. Тоа го тврдат американските научници..

Тие нагласуваат дека шароликата кожа на јаболкото е вистинска ризница на витамини и други корисни материи. Во неа се содржат десетици хемиски соединенија, кои се способни успешно да се спротивстави на клетките на ракот.

Уникатните соединенија го добиле името тритерпеноиди. Тие спречуваат метастази во црниот дроб, цревата и на дојките.