9. Бројот на калории прикажани на пакувањата може да биде неточен

Проблемот е во тоа што системот за мерење на калории е застарен. На пример, не зема предвид колку апсорпцијата се разликува зависно од видот на храната и од оној кој ја консумира. Неодамна научниците откриле дека целите бадеми имаат околу 20% помалку калории отколку што првобитно се мислело, а фстаците околу 5% помалку.
10. Некоја храна може засекогаш да исчезне

За жал, поради глобалното затоплување и другите негативни фактори, одредени намирници се на изумирање. Ова вклучува:
• Определени видови јаболка кои имаат потреба од ладни зими.
• Авокадото, затоа што неговото производство е непрофитабилно. За да се одгледа половина килограм од овој плод, потребни се речиси 500 литри вода.
• Бананите се погодени од епидемија на габични болести и брзо исчезнуваат.
• Мед. Во последно време, бројот на колониите на пчелите е значително намален. Причината се грините од Азија (појавени пред 30 години), пестицидите и осиромашената храна за пчели.
• Чоколадото. Научниците тврдат дека квалитетот на какаото значително се намалил во изминатите неколку децении, така што бројот на плантажите е намален за половина.


















