7. Природно средство против главоболка
Водата помага за ублажување и спречување на главоболката. Во многу случаи тоа е последица токму од дехидратацијата на организмот. Мигрената и болките во грбот исто се намалуваат.
8. Спречува грчеви
Правилната хидратација помага на мускулите да останат поеластични, на тој начин ризикот од грчеви е значително намален. Болката вп зглобовите исто така е помалку веројатна.
9. Го подобрува расположението
Кога вашето тело функционира подобро, тоа се одразува и на вашето расположение. Доза вода – доза среќа.
10. Штедите пари
Водата е поевтина од сите други течности, кои се нудат на пазарот. Ако пак живеете во место каде што водата од чешма е доволно чиста и вкусна, тоа е уште еден бонус. Покрај тоа, кога конзумирате вода, вашето тело не прима дополнително шеќер и масти.



















