А дека постои потребата за романтика, говори листата на најпродавани книги на која на прво место се љубовните романи, додека пробан рецепт за успех во Холивуд, се романтичните комедии. Србинките и во 21 век паѓаат на орлите на Јадранот и останати екранизирани верзии на романите на Милица Јаковљевиќ Мирјам, која им го надоместува она што им недостасува во реалноста. И додека други голтаат приказни за времето во кое една насмевка ветувала, а погледот ја замрзнувал крвта во вените, за додворување кое трае со месеци, па и со години, во животот често се однесуваат како јунакињи на психолошки трилер. Дел од одговорот лежи во карактеристиките на современото општество, верува Вагиќ.
– Денешното општество форсира брзо темпо на живот во кој луѓето немаат време за себе, за уживање, дружење. Многумина немаат време да се посветат на своите интереси, хобија, активности кои ги исполнуваат. Недостигот на позитивна енергија ги отежнува нештата. Сепак, додека има свет и век и се додека во луѓето ќе постои желба за блискост, љубов и секс, ќе има и вештини за заведување – сигурен е нашиот соговорник.
Се помалку постои и безопасниот флерт. Тој кој Милан Кундера го опишал како ветување на сексуален однос без гаранции. А холивудската глумица Кетрин Таун предупреди дека ако не го практикувате, веројатно сте мртви од внатре.
– Флертот е дел од заводничката комуникација и подразбира искажување на љубовна или сексуална заинтересираност на индиректен, социјално прифатлив начин. Куриозитет е дека човечката раса е единствен биолошки вид кој сексуалната заинтересираност не ја искажува директно. Ние живееме во цивилизација, па животинското искажување на наклоност се смета не само за непримерно, туку и за манијакално. Флертот е примерен. Индиректно, двосмислен, преку игра, итрост, хумор – порачува Вагиќ.
Сето тоа убаво звучи, но се поставува прашањето – како? Вилијам Фокнер ги советува мажите, жените никако да не ги заведуваат со зборови. Бидејќи, жените за зборовите знаат многу повеќе од што мажите некогаш ќе дознаат. И знаат колку тие малку значат. Нашиот соговорник со тоа сепак не се согласува, истакнувајќи дека мажот и жената се запознаваат преку разговор. Жените се тука на свој терен, а мажите мора да работат на себе за да го стигнат противникот.
– Додека момчињата во детството си играат со колички и фигурички од војници, девојчињата си играат така што нивната Барбика ги поканува куклите на другите девојчиња на неделен ручек. Така девојчињата од мали нозе вежбаат разбирање во социјалните односи и ситуации. Ако мажот некогаш во својот живот не го надомести пропуштеното учејќи за комуникациите и социјалната интелигенција, разликата останува – предупредува Петар.
За мажите кои се уште не се откажале од девојките, кои не дозволуваат стравот и намрштениот поглед да ги одвратат од приоѓање, нашиот соговорник има неколку совети.
– Мажот треба во што поголема мера да биде свесен за својот идентитет. Првиот совет затоа е да се освестат за самите себе. Ако не се познаваш себеси, не можеш ни на жената да и пренесе со кого имаш работа. Вториот совет е да биде друштвен и отворен кон луѓето. Тие кои кон сите пријателски се настроени и заинтересирани за луѓето, имаат поголем успех кај жените. Совет број три е да биде чесен кон себе. Признај во што си добар и во што лош. Забележи што треба да научиш. Кога ќе сретнеш луѓе кои знаат, отвори се за учење и впивај – вели Вагиќ.


















