Вашето петгодишно дете веројатно ја минало фазата на изливи на бес, но се уште не е целосно послушно
Одбива да дојде да вечера кога ќе го повикате, ги игнорира вашита барања да си собере своите чорапи и ве предизвикува фрлајќи ја топката во кујната и покрај тоа што се вовеле правило дека нема играње со топка во куќата. Сето ова ве доведува да се прашање дали нешто погрешно сте направиле или што всушност се случува.
Верувале или не, веројатно се добро сте направиле. Иако може да биде фрустрирачки, нормално е децата на оваа возраст да ги стават на тест родителското насочување и очекувања. Тоа е период во кој детето бара начин да се потврди себе си.
Што можете да сторите во врска со инаетот?
Имајте разбирање. Кога ќе го повикате детето да дојде да јаде и тоа ви каже дека не сака сега и се лути кога ќе го натерате да дојде, обидете се да се ставите на негово место. Прегрнете го детето и кажете му дека сте свесни дека му е тешко да прекине да си игра со другарчињата, но оти ручекот е готов и време е за јадење. Идејата е да му покажете на детето дека не сте дел од проблемот, туку дека всушност сте на негова страна.
Поставете граници
Децата на оваа возраст имаат потреби и дури сакаат да им поставите граници. Затоа поставете ги и бидете сигурни дека вашето дете знае до каде се. Ставете му јасно до знаење дека на пример не се јаде во дневната соба или дека мора да дојде кога прв пат ќе го повикате. Доколку детето има проблем да ги почитува правилата, работите на решенијата. Разговарајте за ситуацијата и обидете се да допрете до изворот на инаетот.
Осигурајте убаво однесување
Иако можете да бидете во искушение да го искарате своето петгодишно дете, воздржете се од тоа. Кога детето не се однесува добро, тоа веќе се чувствува лошо. Иадејата дека прво детето мора да се почуствува лошо, за да се однесува подобро не е добра. Со такво однесување ќе го доведете до уште понегативно однесување.
Наместо тоа обидете да го забележите мигот кога детето добро се однесува и да го поттикнете така да продолжи. Сетете се дека дисциплинирањето на вашето дете не значи да го контролирате, туку да го научите на самоконтрола.
Продолжува на страна 2



















