Кога и зошто се јавува инаетот кај децата

2511

Користете позитивен тајм аут

Кога ќе забележите дека детето почнува да го фаќа инает, затоа што работите не се случуваат онака како што тоа би сакало, помогнете му да се олади. Наместо да го казните, поттикнете го да седне на удобен кауч или во омилениот дел од собата.

Можеби детето самото сака да го креира местото за смирување користејќи голема перница, меко ќебе и неколку омилени книги. Ако одбива да го искористи тоа место понудете му на детето на прошетате заедно или да разговарате.

Доколку и тоа го одбива тргнете се вие, само затоа да се оладите. Не само што ќе му дадете добар пример, туку ќе ја добиете и неопходната пауза.

Дајте му на детето чувство на моќ

Обидете се да му обезбедите на детето прилика, во која ќе може малку да си поигрува со својата независност. Прашајте го што сака за вечера или што сака да прави во текот на викендот.

Друг начин да му помогнете на детето да има чувство на поголема контрола е да не му зборувате што не смее да прави, туку да му кажете што смее да прави.  Наместо да му кажете на детето да не си игра со топка по дома, предложете му да излезе надвор и да си игра со неа.

Бирајте ги своите битки

Зашто да се нервирате кога детето сака да облече шарена облека за заминување во училиште? Каква штета е доколку детето сака понекогаш да јаде супа за појадок и путер и џем за ручек. Некогаш е полесно да не обрнете внимание на некои работи. Кога детето ќе згазне во вир додека се враќа дома или ја фрли куклата под креветот, наместо да ја стави на своето место, свртете ја главата.

Компромис

Избегнувајте ситуации, во кои можете да предизвикате инает кај детето. Помислете колку е реално вашето дете да се однесува добро на долги патеки од на пример еден час. Доколку има нова кукла, која не сака да ја дели со никого, тргнете ја пред да дојдат другите деца и така ќе ја избегнете непријатната ситуација.

Почитувај те ги годините и способностите на своето дете

Кога барате од детето да го намести креветот или да ги раскрене играчките бидете сигурни дека знае како се прави тоа. Одвојте време да го научите да ги извршува новите задачи и учествувајте во тоа со детето се додека не научи како треба да ги прави. Понекогаш однесувањето на детето може да ви изгледа како да ве предизвикува, но станува збор за тоа дека детето не може да го стори тоа што сте го побарале од него. Почитувајте го уникатниот свет, во кој живее вашето петгодишно дете.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk