Не очекувајте дека ќе успеете веднаш, но почнете на време, бидејќи еден ден ќе дојдете во фаза со некого навистина да можете да разговарате, додека детето покрај вас самостојно си игра.
Научете го детето да не ви упаѓа во збор, туку доколку нешто сака да ви каже тоа да го покаже на друг начин. На пример, може да ве стегне за рака или да ве потчукне по грбот, доколку седите. На тој начин може да ви го сврти вниманието дека сте му потребни, но мора да научи да почека доколку не сте во состојба да реагирате во истиот момент.
Секогаш возвратете го допирот, со цел детето да знае дека сте ја примиле пораката. И немојте да го пуштите да чека премногу, колку детето е помало, толку пократко треба да чека. И секој пат кога детето ќе го испочитува договорот и нема ве прекине вербално, сослушајте го, бидејќи тоа е единствениот начин да сфати како треба да се однесува и задолжително пофалете го дека сте горди на неговото убаво однесување.
Доколку детето не реагира како што сте се договориле, почне да плаче, да вреска или да ве влече на непримерен начин, таковото однесување веднаш казнете го.
Но не смеете да се дерете, бидејќи секој пат кога со дерење одговарате на лошото однесување, всушност го поттикнувате.
И вие никогаш немојте да упаѓате во разговорот, бидејќи децата најдобро учат со примери. Доколку вие немате трпени за туѓите приказни, нема да има ниту вашето дете.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















