Зошто децата манипулираат со родителите

1909

Први маневри

Додека не се случи тоа, детето кое се чувствува отфрлено ќе се бори против родителската волја. Инаетот се појавува веќе во неговата втора година, а ако не успее и тоа, главно оружје на детето во конфликтите со родителите е емоционално изнудување. Манипулацијата е свесен маневар, кога некој има скриена цел, а емоционалното изнудување е обид за предизвикување на одредени емоции кај друго лице за дополнително да го мотивираме да направи нешто што не сака да направи. Типични чувства кои дополнително ја мотивираат жртвата на емоционално изнудување се вина, должност, страв, сожалување и слично. А веќе мало дете од две години може да сфати кои чувства му се исплатуваат во семејството, бидејќи придонесуваат за тоа родителот да му попушти и на крај желбите на детето да бидат остварени.

Види колку сум тажен

На пример, ако детето покажува дека е многу тажно и силно плаче, тоа на родителите им покажува дека е несреќно кога родителите не му ја исполнуваат желбата. Пораката е: – Види колку сум тажен, како можеш да ме гледаш вака несреќен ако ме сакаш? На тој начин кај родителите се обидува да произведе чувство на сожалување и вина. Ако родителот навистина ги почувствува тие чувства и му попушти на детето, тоа ќе научи дека секој следен пат мора да постапи така за на крај да го добие тоа што го сака. Вака може да настане шема која детето и родителите ќе ја повторуваат во текот на детството, но која ќе остане на репертоарот на детето и кога ќе порасне. На ист начин може да се обиде да изнуди исполнување на важни желби од својот емотивен партнер или од своето дете.

Исто така, дете во конфликт може емоционално да изнудува така што ќе ги отфрли родителите. Неговата порака е: Ако ти не ме сакаш мене, не те сакам и јас тебе.
Бидејќи многу современи родители се плашат дека детето ќе престане да ги сака, кога ќе го видат тоа тие попуштаат и му ги остваруваат желбите на детето.

Продолжува на страна 3