Негативните резултати од тестовите во американската војска не мора да значат дека постоечкиот дизајн на IVAS е длабоко погрешен.
Сепак, тие додаваат на многуте тешкотии кои произлегуваат од 10-годишниот договор вреден 21,9 милијарди долари за испорака на 120.000 уреди HoloLens.
Системот за проширена реалност HoloLens на Microsoft за американската војска има сериозен проблем. Bloomberg и Business Insider пишуваат дека неодамнешниот некласифициран извештај открил дека сегашната верзија на интегрираниот систем за визуелно зголемување (IVAS) им предизвикува проблеми на американските војници при тестовите.
Некои војници кои го тестирале уредот страдале од гадење, главоболки и напрегање на очите додека ги користеле очилата за проширена реалност. Други биле загрижени за големината на екранот, ограниченото видно поле и осветленоста, што може да ја открие позицијата на војникот дури и на големи растојанија.
Еден вработен во Microsoft кој разговарал со Insider тврди дека IVAS не успеал во четири од шест елементи во еден тест.
Директорот за оперативно тестирање и евалуација на американското Министерство за одбрана, Nickolas Guertin, исто така рече дека сè уште има премногу неуспеси во основните карактеристики.
Според извештајот, HoloLens е слабо примен од војниците.
Тестовите на HoloLens се дел од програмата „Soldier Touch Point“, која и помага на војската да собере повратни информации од реалниот свет и му помага на Microsoft да ја подобри прилагодената опрема за HoloLens. Идеално, HoloLens ќе им обезбеди на американските војници критични информации за бојното поле и ноќното гледање.
Сепак, американската војска е свесна за проблемот и работи на негово решавање. IVAS беше успешен во „повеќето“ критериуми, но има области каде што „не успеал“ и ќе се подобри, рече Christopher Schneider, бригаден генерал на американската армија.

Помошникот секретар за воени набавки Doug Bush го одобри прифаќањето на првичната серија од 5.000 единици HoloLens во август, но сега американската војска ги менува своите планови за да ги „коригира недостатоците“.
Microsoft изјави за Bloomberg дека сè уште го гледа IVAS како „трансформациска платформа“ и дека продолжува да испорачува HoloLens.
Резултатите од тестот не мора да значат дека постоечкиот дизајн на IVAS е длабоко погрешен. Сепак, тие додаваат на многуте тешкотии кои произлегуваат од 10-годишниот договор вреден 21,9 милијарди долари за испорака на 120.000 уреди HoloLens.
Проектот предизвика незадоволство кај Microsoft, каде вработените се спротивставија да работат на „оружјето“. Војската, исто така, го одложи воведувањето кон крајот на минатата година за да овозможи повеќе време за развој. Всушност, би можело да помине доста време пред таа технологија да биде навистина подготвена за борба.



















