Зошто децата манипулираат со родителите

248

Кога бебето има некоја незадоволена потреба, тоа се чувствува непријатно и плаче.

Плачењето е сигнал дека ги вика родителите да ја задоволат неговата потреба.

Затоа сите мали деца ги доживуваат родителите, пред се мајките, како лица кои кога нив им е непријатно тие да направат нешто да им биде пријатно, објавува порталот detinarije.com

Јас сум моите желби

Меѓутоа, во втората година од животот, детето покрај потребите има и желби. Разликата меѓу потребите и желбите е огромна: ако потребата не е задоволена долго време, загрозено е преживувањето, а ако не е задоволена желбата, само е непријатно. Меѓутота, детето не знае за оваа разлика, објаснува психотерапевтот др. Зоран Миливојевиќ.

Дополнителен проблем е што детето не се разликува себеси од своите желби. Кога родителите одбиваат да му исполнат некоја желба, детето тоа го разбира како родителот да го отфрлува. А кога имате две или три години, најважна работа на светот е мама да ве сака. Затоа сите деца, кога ќе им се постави граница, кога родителите одбиваат да му исполнат некоја желба, реагираат како да настапила катастрофа. Затоа родителот, покрај тоа што му ги одбива желбите, мора јасно да покаже љубов, така детето да има чувство дека е прифатено и сакано.

Судир на биолошкото и општественото

Задача на родителите е да го подготват детето за самостоен живот во човековото општество. За да ја постигне таа цел, родителот мора на детето да му постави граници. Тоа значи дека одбива да ги исполни желбите на детето и не му дозволува некои однесувања. Родителот тоа мора да го прави за да го социјализира детето, да го подготви за живот во општеството. А тоа подразбира конфликт: судир на желбите на детето и волјата на родителите. Во основа, тоа е судир на биолошкото и општественото. Во овој судир родителот мора да покаже дека е посилен, така детето мора да се подреди и да прифати дека возрасниот е тој кој поставува правила и кој веќе знае за опасностите на овој свет.

Во прво време детето ќе се чувствува отфрлено, бидејќи ќе верува дека неисполнувањето на неговите желби е негација на љубовта, а подоцна ќе сфати дека родителот не му ги исполнува желбите бидејќи го сака. Поради многу позитивни последици, многу значаен момент во развојот на детето е кога тоа ќе сфати дека конфликтот и љубовта одат заедно. А до тоа најлесно ќе дојде ако родителот јасно му покажува љубов од една страна, а од друга страна го дисциплинира и му поставува јасни граници.

Продолжува на страна 2