“Златен мед” – најсилниот природен антибиотик

3282

При првите симптоми на настинка, подгответе ја мешавината која ќе ја користите 3 дена. Во 100 гр мед додадете 1 полна супена лажица куркума, добро промешајте и ставете во стаклен сад.

Да се зема при првите симптоми на настинка

1 ден – секој час половина кафена лажица, во текот на целиот ден
2 ден – на секои два часа половина кафена лажица
3 ден – три пати на ден половина кафена лажица

Смесата оставете ја целосно да се растопи во устата.

Обично, по три дена настинката се намалува и телото се опоравува. Настинака запирав со оваа мешавина без таблети.

Оваа смеса, исто така, можете да ја користите во комплексен третман на респираторни заболувања, земајќи 1 кафена лажица три пати на ден во текот на неделата. Можете да ја додадете во млеко или чај.

Треба да знаете

Ако земате лекови, консултирајте се со вашиот лекар. Особено ако страдате од хемофилија и хипертензија, бидејќи куркумата ја разредува крвта и го намалува притисокот, иако за поголемиот дел ова ќе биде само еден голем плус.

Покрај намалувањето на притисокот, куркумата може да предизвика пад на нивото на шеќерот во крвта. Луѓето кои страдаат од дијабетес, исто така, треба да се консултираат со својот лекар. Но, опасно е да консумирате куркума ако имате заболувања на жолчката и наталожени камења во неа, затоа што куркумата предизвикува контракција на мускулот на жолчното кесе.

Совет плус

Индо-тибетската медицина гласи: ако користите куркума по јадење – влијае на грлото, белите дробови, дебелото црево и бубрезите, а за време на јадење – на дигестивниот систем