Докторот на Мајкл Прагер од Лондон вели дека бричењето стимулира производството на колаген и ги намалува брчките.
“Тоа е како блага форма на микродермоабразија, така што го стимулира производството на колаген и го забавува создавањето брчки. Секогаш кога кожата е под стрес, колагенот е таму за да помогне во регенерирање на клетките”.
Лекарот додава дека бричењето во никој случај не го поттикнува растот на нови, секако, не посилни влакна.
“Понекогаш може да изгледа дека влакната се погусти, но тие всушност растат под друг агол”, објасни тој.
Покрај тоа, дерматолог Нил Shulz тврди дека бричењето го забавува стареењето на кожата, па токму во тоа се крие причината зошто мажите подобро ги носат годините, и изгледаат помлади од жените на нивна возраст.
“Повеќето мажи редовно си го бричат лицето и на тој начин вршат пилинг – отстранување на мртвите клетки од кожата. Тоа е причината зошто нивната кожа во триесеттите и четириесеттите години изгледа многу подобро отколку кожата на своите врснички”, објаснува Шулц.
Диви, Јапонија и бричење
Да се потсетиме на некои од познатите дами, како Елизабет Тејлор, Мерилин Монро и Клеопатра кои исто така го користеле овој вид на убавина. Потврдено е дека бричењето на лицето било еден од нивните секојдневни ритуали за нега!
Жените во Јапонија, исто така, често ги бричат нивните лица како дел од традицијата (и изгледа многу младешки!).
YouTube е преполн со видео совети на жените кои со полна уста го фалат редовното бричење на лицето, како нешто најдобро за супер младешки изглед на лицето.


















