Зеленчукова скара

106

Пoтребно

  • ½ чаша маслиново масло
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажици оцет
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка мелен црн пипер
  • 2 модри патлиџани, сечени на парчиња
  • 3 тиквички, сечени на кругови
  • 2 зелени пиперки, исечени на половинки
  • 3 моркови, сецкани на должина на половини
  • 2 големи глави црвен кромид
  • Копар
  • Магдонос

Подготовка

  • За да ја приготвите маринадата измешајте го маслиновото масло, соја сос, оцетот, солта, црниот пипер во голем сад.
  • Измешајте ги добро.
  • Исечете го зеленчукот истевете го во маринадата за околу еден час, за да ги впие сите вкусови и мириси.
  • Загрејте ја решетката на средна температура. Подмачкајте со малку маслиново масло.
  • Исцедете го зеленчукот од вишокот маринада и ставете на решетката.
  • Печете на секоја страна за околу 10-15 минути или додека да се запече рамномерно.
  • Откако зеленчукот се испекол посипете со уште помалку од маринадата и промешајте.
  • Служете како гарнир кон главно јадење.