Списокот на загрозени видови ја прикрива реалната ситуација, велат научниците, бидејќи се фокусира на ‘рбетниците, па вистинскиот помор всушност поминува под радар
Досегашните пет масовни истребувања на нашата планета предизвикаа драматични природни феномени, но авторите на новата студија тврдат дека шестото големо истребување е во тек и дека овој пат за тоа се виновни луѓето.
Во списанието Biological Reviews, научниците проценуваат дека до 13 отсто од сите видови безрбетници исчезнале во последните 500 години и предупредуваат дека сега зависи од нас да преземеме чекори за да избегнеме катастрофален пад на биолошката разновидност, пишува IFL Science.
„Списокот е многу пристрасен“
Според авторите, вистинската големина на тековната катастрофа е донекаде прикриена од Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), што дава впечаток дека сегашната стапка на загуба на видови останува во согласност со позадинската стапка.
„Сепак, Црвената листа е многу пристрасна“, пишуваат истражувачите. „Речиси сите птици и цицачи се оценети според критериумите за зачувување, но само мал дел е проценет од безрбетниците.“
„Вклучувањето на проценките за изумирање на безрбетниците води до заклучок дека стапката значително ја надминува позадинската стапка и дека навистина можеме да бидеме сведоци на почетокот на шестото масовно истребување“, предупредуваат тие.
Sixth Mass Extinction. FIRST Mass EXTERMINATION.
Only we can dismantle the deadly socioeconomic system we built that is bringing this cataclysm about.
Join Extinction Rebellion today and put an end to the destruction.https://t.co/A6jDAM2oRT
— Extinction Rebellion (@ExtinctionR) January 16, 2022
Останува само проценка
За да ја докажат тезата, авторите на студијата се повикуваат на студија за мекотели од 2015 година, која заклучила дека околу седум проценти од видовите копнени полжави исчезнале од 1500та година.
Претпоставувајќи дека оваа бројка претставува стапка на истребување за сите копнени без’рбетници и дека таквите видови ги надминуваат морските без’рбетници за околу три наспроти еден, истражувачите процениле дека помеѓу 7,5 и 13 проценти од два милиони познати видови мекотели сега се изумрени.
Во апсолутни бројки, тоа е помеѓу 150.000 и 260.000 изумрени видови, што е значително повеќе од 882-те видови мекотели наведени како исчезнати на Црвената листа. Додуша, ова откритие се заснова на претпоставка и екстраполација и не е дефинитивно потврдено, но истражувачите сепак заклучуваат дека шестото масовно истребување „сигурно започнало и било предизвикано од човечки активности“.
Иако оваа изјава може да звучи алармантно, авторите продолжуваат да објаснуваат дека нема докази кои сугерираат дека морските видови се погодени на ист начин како и копнените безрбетници, додека растенијата се чини дека се поштедени од тековната криза.
„Само човекот има свесен избор“
Сумирајќи ја потребата човештвото да преземе одговорност за спречување на оваа претстојна катастрофа, авторот на студијата Robert Cowie објасни дека „луѓето се единствениот вид способен да манипулира со биосферата во голем обем“ и дека ние сме „единствениот вид со свесен избор за нашата иднина и иднината на биолошката разновидност на Земјата“.
Аргументот дека нашите постапки и нивните последици се едноставно дел од природната еволуција на животот на Земјата со тоа не држи вода, велат истражувачите. Напротив, „негирањето на кризата, нејзиното прифаќање без да се реагира, па дури и да се охрабрува, е укинување на заедничката одговорност на човештвото и го отвора патот на Земјата да го продолжи својот тажен пат кон шестото масовно изумирање“.



















