Видови оргазам кои е задолжително да ги доживеете

2377

oral, orgasmo - Emedemujer Costa Rica

Клиторален оргазам

Клиторалниот оргазам е не помалку возбудлив од останатите. Стимулацијата на клиторисот е еквивалентна на стимулацијата на пенисот кај мажите. Дури и благ притисок врз клиторисот може да предизвика неверојатни чувства.

Не се лишувајте од овој вид оргазам. Ако партнерот нема трпение додека го добие, инсистирајте! Нека ги доведе работите до крај – ќе вреди!

Оргазам при стимулација на А-точката

А-точката се наоѓа точно зад G-точката. Таа е најсилно опиплива и подложна на стимулација по оргазам, предизвикан при допир на G-точката.

Анален оргазам

Аналниот отвор е исклучително богато опремен со нервни завршетоци. Нема да е потребно премногу долго стимулирање пред да дојдете до оргазам . Ако се грижите од болка при анален секс, стимулацијата со прст од страна на партнерот врши исто одлична работа.

Уретрален оргазам

Уретрата се наоѓа во близина на надворешните полови органи. Ткивата, од кои е составена исто така е богато инервирана. При индиректна стимулација на таканаречената U-точка (од уретер) чувствителните ткива на оваа зона придонесуваат за доживувањето на неверојатен оргазам.

Треба да се внимава, сепак, бидејќи премногу силна стимулација може да предизвика болка.