Митот за Атлантида веќе илјади години ја предизвикува фантазијата на лаиците и професионалците.
Иако професионалците велат дека станува збор за мит, урнатините од вистинските градови под морето, сепак многумина оставаат без здив.
Atlit Yam, Israel
Едно од најголемите и најстарите подводни наоѓалишта на антички населби е пронајдено на длабочина од 12 метри. Тоа се протега на површина од 40.000 квадратни метри. Луѓето тука живееле во периодот од 6.900 до 6.300 години пред Христа. Освен човечки остатоци, артефакти од коски и камења, најинтересни се монолитите високи од еден до два метри, наредени во полугруг. Ги има седум, археолозите веруваат дека биле наредени околу изворот на вода.
Dwarka, India
Во индискиот залив Камбат, 20 километри од Гуџарат, во 2001 година пронајдени се остатоци од античка цивилизација на длабочина од 40 метри под површината на морето. Се претпоставува дека градот е потопен пред девет илјади до десет илјади години.
Никому не му е јасно каде исчезнала цивилизацијата, која го направила овој град. Според приказната од Махабарата градот му припаѓал на богот Кришна, кој наводно бил аватар. Долго време се верувало дека Дварка е само митско место.
Yonaguni Monument – Japan’s Lost Atlantis
Локалните нуркачи пронајдоа во ’80-те години од минатиот век мистериозни камени формации во морето покрај островот Јонагуни. Камењата биле сложени во форма на скалести балкони. Експертите ја разгледуваа можноста дека тука се работи за природен феномен, но гравурите и резбаријата ги разувериле.
Се претпоставува дека структурите припаѓале на познатата пацифичка цивилизација Му, за која се смета дека исчезнала поради цунами и дека се стари повеќе од пет илјади години.
Heracleion “Thonis” Lost Egyptian Underwater City
Мистериозниот град кој 1.200 години се криел под песокот и калта и долго време се сметал само како легенда. Тој е откриен на почетокот на 20. век. Градот изобилува со големи богатства кои и денеска се уште се откриваат. На локалитетот се пронајдени 64 бродови, златници, кипови високи пет метри, мали статуи на богови, плочи со хиероглифи.
Pavlopetri Greece Underwater City
Археолозите не можат да се наситат од овој град кој го сметаат за ремек дело на градското планирање. Павлопетри е стар пет илјади години, се наоѓа на само четири метри длабочина. Се верува дека бил центар на трговијата на микенската и минојската цивилизација.