Циметот е вистинска стопроцентна суперхрана !

1102

Тој е одличен зачин и треба да го консумирате ако сте решиле да ја подобрите мемораијата, како и да развиете подобра концентрација.

Зачинот може да го користите врз десерти, во чајот, кафето или млекото.

Циметот е познат како зачин уште во антиката, се користел не само како подобрувач на вкусот туку и како лек.

1. Цимет е моќен имуностимулатор, бидејќи содржи вредни полифеноли и антиоксиданси.

2. Ја намалува инсулинската чувствителност, а исто така помага и за регулирање на шеќерот во крвта. А тоа води до помал апетит, внес на калории и соодветно – слабеење.

3. Се користи за намалување на нивото на лошиот холестерол и триглицеридите. Само 120 мг цимет се доволни за да се неутрализира негативниот ефект од мрсните јадења.
Како да го чувате циметот?

Циметот во прав може да биде складиран на суво место во период од 6 месеци, а стапчињата од цимет се консумираат во рамките на една година, но само ако се чуваат во тегла.